Богдан Илиевски во статусот на фејсбук, а по повод најновото соопштение на специјалната обвинителка пишува дека Катица Јанева испраќа порака до власта во која меѓу редови се чита дека таа нема намера да се предаде и ако треба со неа надолу ќе пропаднат сите кои се вмешани во „Рекет“.

Ете, ете го и новото плажа соопштение. Онa зборувала со него на спикер од кај Тредичи, „за да го врбувала за сведок соработник во друг случај“. Затоа веројатно човеков и морал да платил милион во Луј Витон, за да биде сведок соработник. Така е според закон, претпоставувам. Мора да ја стимулираш плажарката за да работи по слово на закон!

Него… денешното плажа соопштение е поопасно во пораката кон власта, која гласи – „кој ве тркала, не се давам и ако тонам оберучке ќе ве влечам и вас надоле“.

А првиот случај си го крстија „Титаник“. Еј! Непотопливиот кој беше потопен. Тоа што со таа номенклатура си ја потпишаа сопствената судбина е – карма. Енд ши из а бич 🙂 Ама праведна бич, пишува Илиевски.

VIVA!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.