Неспособниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски денес го навреди сопствениот народ. Тој без срам им порача на граѓаните доколку им е скапо да патуваат и да плаќаат патарини на новиот автопат Скопје – Штип нека одат по локални патишта! Ова е бесрамното однесување на власта на Заев опиена од богатството и луксузот во кој живеат, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, дури Заев јаде со златни лажици тие на народот му порачуваат доколку нема пари, да седи дома и да не патува никаде.

По оваа логика на Бочварски, власта на сиромашните граѓани им праќа порака, ако немате за леб, копајте во контејнери или умрете. Дно. Власта е таа која треба да ги решава проблемите на граѓаните и да го слуша нивниот глас. Ваквото арогантно и надмено однесување на Бочварски уште еднаш покажува за каква ненародна влада води Заев која е тотално одлепена од реалноста, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.