Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, соопшти дека се гради брана за која дури по нејзиното завршување ќе се бара начин како таа брана да биде наполнета со вода.

Кога ќе се изгради брана на рeка Отиња, ќе се разгледа од каде ќе се полни истата – изјави Бочварски.

На таквата најава на Бочварски реагира Виктор Донски, кој вели дека браната на реката Отиња ќе биде еден од најпромашените проекти во историјата на Македонија.

Како што вели Донски, никаде во светот не се гради брана таму каде што нрема доволно вода.

Донски вели дека овој проект датира од пред десетици години, кога реката Отиња имала многу поголем водотек, нешто што не е случај денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.