Аналитичарот и поранешен функционер, Ивица Боцевски, во гостувањето на ТВ21 изнесе теза дека оставките на Зоран Заев од премиерската и од лидерската функција во СДСМ се „театар“ и дека Заев нема намера да замине од политичката сцена.

По конгресните промени на СДСМ, таа партија е претворена во едно политичко крило на неговите фирми и фирмите на неговиот брат. Таму се елиминирани сите коишто можат да го загрозат него. Центарот на моќта во Владата во моментов е Зоран Заев. Така што сето ова е еден политички театар кој самиот си го приреди – вели Боцевски.

Од друга страна, вториот учесник во дебатата, поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски, изјави дека Заев е решен да ги напушти функциите.

Заминувањето од позицијата претседател на СДСМ е веќе потврдено, а во најава е веќе и заминување од позицијата на премиер – вели Богоевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.