Македонските граѓани ќе може без визи да патуваат во Колумбија, објави денеска македонскиот амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски.

Укинати се визите за македонските граѓани и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес.

Следни за списокот за укинување визи за македонските 🇲🇰 граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов, објави Боцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.