Последното законско решение за Јавното обвинителство, според Блупринт групата за реформи во правосудството е донесено избрзано, без нивна консултација и во договор само меѓу партиите. За случајот „Рекет“ сметаат дека спред гласините што се шират во јавноста за неговите дејствија, не е во согласност со законот за кривична постапка.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, денеска на прес-конференција рече дека за разлика од претходните нацрт – решенија за Јавното обвинителство, за ова Хелсиншкиот комитет не бил консултиран.

За последното законско решение не бевме запознати, тоа дојде накоако преку ноќ, во летен период, а се предвидува законот да се носи и во скратена постапка. За вакви работи ние минатите годни бурно реагиравме, ваков закон неможе да се носи по скратена постапка, ваков закон не треба да биде резултат на политички преговарања помеѓу партиите. Она што за нас е најважно е да се покаже вистинска волја дека оваа Влада ќе се бори против корупцијата – истакна Пировска.

Во однос на предметот „Рекет“, Пировска вели дека се отвора простор да се провери дали органите на прогонот сакаат доследно да го истераат до крај.

Загрижува тоа што во јавноста се шират информации за дејствијата кои се превземаат, а според наше мислење, не се во согласност со законот за кривичната постапка, притоа секако дека го загрозува и принципот за презумција на невиност за кој ние многу се залагавме и реагиравме во времето кога се случуваа спектакуларните апсења во времето на владеењето на Груевски – порача Пировска.

Таа нагласи дека Хелсиншкиот комитет ги охрабрува органите на прогонот да продолжат со истрагата, но, и да водат сметка да не изнесуваат информации кои се контрадикторни и притоа предизвикуваат правна несигурност кај граѓаните.

Во однос на последните случувања од истиот предмет на ОЈО, во кој беше споменувана и обвинтелката Катица Јанева, Пировска рече дека не смета оти евентуалната инволвираност на специјалната јавна институција ќе го наруши целосно кредибилитетот на институцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.