Со одлка на судот во Штип е блокирана сметката на грчката фирма која ја гради штипската болница. Ова за „Телма“ го потврдуваат од судот од каде поради тоа што судијката Лилјана Јанкова која ја донела одлуката е на одмор, не откриваат повеќе детали.

Од страна на ГТД Бетон АД Штип – во стечај преку адвокатско друштво Наков и Бошков на ден 20.02.2020 год. била поднесена тужба со предлог за издавање судски платен налог против Интраком Констракшнс – Интеркат Грција, подружница Скопје. Согласно автоматската распределба, предметот бил распореден кај судијата Лилјана Јанкова. Постапувајќи по тужбата,
судијата на ден 25.02.2020 год. донела решение со кое се усвојува предложениот судски платен налог. Решението и тужбата со докази се доставени до тужениот Интраком Констракшнс – Интеркат Грција, подружница Скопје, по пошта и истите ги примил на ден 28.02.2020 год. Против решението, тужениот не изјавил приговор, ниту жалба и решението станало правосилно на ден 08.03.2020 год, велат од судот за „Телма“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.