Покрај онаа блоката која што денеска се случи пред Владата на Република Македонија и онаа пред Министерството за надворешни работи, вечерва од 18ч се блокираа главни крстосници и во голем број градови низ Република Македонија, меѓу кои и Виница, Пробиштип и Македонска Каменица.

Македонскиот народ е револтиран, бесен и се чувствува измамено. Тоа е првиот впечаток кој може да се забележи насекаде низ државата, вклучително и во овие три градови, кои уште еднаш покажаа дека ќе останат на браникот на Татковината додека е тоа потребно.
Вечерва граѓаните на Пробиштип масовно излегоа на улиците и побараа оставка од Зоран Заев, како и од целокупната владина гарнитура која веќе неколку години наназад распродава национален идентитет, а овој пат се пазари и за македонската историја.

Помеѓу граѓаните присутна беше и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија”, Иванка Василевска која се обрати кон толпата граѓани им порача дека Македонците и македонскиот народ се познати по истрганите маки во минатото, како и по борбите кои се воделе со векови наназад со цел да се спаси сопствениот народ и земја.

Василевска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и сега ќе стои рамо до рамо со секој еден чесен граѓанин, со секој еден чесен Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Бошњак или од било кој дуг етникум во борбата за Република Македонија, се додека Зоран Заев не поднесе оставка.

На вечерашните блокади во Виница, се обрати Стефан Андоновски кој истакна дека младата генерација е таа која треба да биде носечкиот столб во оваа битка, односно младите да бидат главниот двигател на промени во македонското општество.

Андоновски посочи дека Македонија се наоѓа на една од најважните крстосници од нејзиното постоење и сега е моментот кога македонскиот народ не смее да погреши, односно не смее да дозволи одродени политичари да посегнуваат по македонската историја и идентитет. Андоновски беше дециден во ставот дека овој пат Македонците нема да отстапат од црвените линии и за нив ќе се борат се додека оваа ненародна власт се откаже од намерата да се пазари со чувствата на граѓаните.

Блокадата во Македонска Каменица ја одбележа излагањето на претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, кој недвосмислено застана рамо со рамо со граѓаните и им порача дека граѓаните на Македонска Каменица се тие кои што пред се ќе го бранат името на својот град, а потоа и името на сопствената држава. За граѓаните на Македонска Каменица сега е вистинското време за бранење на македонскиот идентитет и застанување на патот на распродажбата на квинслингот Зоран Заев.

Се додека Заев не запре со распродажбата, македонскиот народ ќе биде секојдневно разлеан по улиците, се до крајниот пад на ненародната власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.