Кифни Усеини e новиот раководител на одделението за туризам, при секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид. Како што дознава „Охрид 24“, станува збор за близок роднина на советникот и коалиционен партнер на СДСМ, Нефи Усеини.

Неговото поставување на оваа позиција доаѓа по објавениот оглас на 8 ноември, за кој порталот веќе пишуваше дека е наменет само за членовите блиски до владејачката гарнитура во Охрид, а во него беше посочено дека позицијата раководител на одделение за туризам, Сектор за туризам и локален економски развој е резервирана за Албанец/ка, што кај јавноста предизвика сомнеж дека однапред се знае кој ќе ги добие работните места објавени во огласот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.