Кандидатот за претседател и поранешен амбасадор во ЕУ , Блерим Река, не очекува во октомври земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Тој  во изјава за ТВ21 вели оти по скандалот “Рекет“ земјите членки би биле далеку поскептични за да дадат позитивно мислење на Самитот на Советот на министри, во Брисел.

Сметам дека овој скандал само може да го отежни ставот, а згора на се има три земји членки на ЕУ кои се двоумат во октомври да дадат позитивно мислење. Во средината на јуни кога беше одбиен датумот за преговори поминаа три месеци, се откри скандалот „Рекет“. Според разговорите со странските дипломати нема надеж дека тоа може позитивно да се нотира, вели Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.