Вечерва претседателскиот кандидат, Блерим Река одржа средби со граѓаните во општина Сарај. На граѓаните им порачаа дека со гласањето за река и неговиот концепт „Република за сите“, Албанците нема повеќе да бидат граѓани од втор ред.

Дел сме од едно време, каде владеачките албански партии се противат на единствениот албански кандидат. Заситени сме од празни ветувања и ова е главна причина зошто младите се повеќе ја напуштаат земјата. Мојата програма е против празнење на државата – порача Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.