Бизнисменот и активист Роберт Милески на својот Фејсбук профил објави статус каде што вели дека власта ја фатила болеста на лажање и манипулирање со граѓаните.

Апологетите на муртинскиот лажов. Ги фатила болеста на лажење и манипулирање со граѓаните, пишува тој додавајќи видео од изјавата на Пендаровски каде што вели дека на тој што ќе го смени името народот „душата ќе му ја извадат“.

Имавме често муабети за името, ќе го смениш името и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како, не може мора да дојдеш во институциите во тој момент јас ви тврдам дека сите што беа десетици и десетици илјади луѓе и сите слободарски граѓани колку и да звучи како фраза „душата би му ја извадиле на тој што би го потпишал тоа“, нема да го остават во таа фотелја во која е, ова во минатото го изјавуваше Стево Пендаровски пред да се потпише Договорот со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.