Во Обвинителството за организиран криминал и корупциј во тек е распитот на бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“, кој утринава пристигна за да даде исказ за случајот „Рекет“ пред обвинителката Вилма Рускоска.

Фирмата „Дрим билдинг“ од Струга, која е во сопственост на таткото на Ардијан Амзоски, Селадин Амзоски и на Ресул Лога, неодамна објави дека на Меѓународниот сојуз му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Фирмата „Дрим Билдинг“, која е во сопственост на таткото на Ардијан Амзоски, Селадин Амзоски и на Ресул Лога, склучила договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на ден 28.12.2017 г. Договорот во име и за сметка на ’Дрим Билдинг‘, со уредно полномошно, го склучува Ардијан Амзоски. „Дрим Билдинг“, согласно тој договор се обврзал да плати износ од 261.853 евра на Меѓународен сојуз, односно на координаторот на проектот лицето Јасна Мандиќ. „Дрим Билдинг“ ги исполнил во целот своите обврски од договорот, а за жал Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија доброволно да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот граѓански суд во Скопје, се вели во соопштението на компанијата.

Вчера на распит кај Русковска беше и Силјан Мицевски од Битола, како и водителката Лила Филиповска.

Од Обвинителството нема информација дали станува збор за повикување сведоци во рамките на веќе отворената истрага или денешниот и вчерашните распити се дел од нова предистрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.