На социјалните мрежи се појави список на кој стојат имиња на македонската делегација која заминала на Олимписки игри во Токио. На листата се најдоа цели фамилии, директори со сопруги, бизнисмени со синовите, политичари, членови на владин кабинет, но и од кабинетот на Претседателот. Доколку оваа листа е точна, време е да се види кој прави семејни ќејфови на сметка на граѓаните.

Го пренесуваме интегрално статусот кој стои со објавата на листата на оние кои заминале на Олимпијада:

Пикник спорт, новиот блокбастер се вика пикник во Токио, или сите сложно во Токио, или пак повеќе политичари во Токио од спортисти на ОИ.
Здраво другари, другарки, спортски фанатици, олимпијци, политичари, претседатели, директори, масони, мадони, галони, примадони, здраво на сите спортисти, деца спортисти, фајтери за спорт, спортски идеолози, чесни и (не)чесни спортски работници, здраво на сите кои спортот го носите до дно накај дна, и обратно во двете ленти правец надоле и само надоле односно подоле, жалам што не можам да напишам правец нагоре.
Другари и другарки спортот за некои луѓе стана опасен бизнис при тоа одлучувајќи за кариери на млади спортски таленти, спортот стана односно федерациите зборно уточиште на политиката каде се кријат сериозни работи, спортот стана конекција да се спои неспоивото односно да се градат лични бизнис интереси. Спортот стана фамилијарно шетање, каде убаво е на сметка од државата или спортските институции одиш и се правиш нешто што не си, а сакаш да си, односно да излечиш неуспешен спортски комплекс каде некогаш си пробал ама си видел дека не оди спорт па ај ќе одам во политика па ако се отворат вратите ќе шетам во име на спортот, зошто сметаш дека спортот ти должи зошто ТИ не си успеал како спортист.
Ви кажав и имавте можност да го видите на што личеше (НЕ)спортскиот избор во МОК не е ни чудо што тие беа кандидатите, веќе не е ни чудо се и сешто гледаме по федерациите зошто да го интересира тоа МОК, од утре и за оној реваншизам за ФФМ.
Циле замина и се друго исто остана, патувањата, комбинациите и моето кога ќе ми кажат баш тие ликови дека: ги цитирам “мислиш ние тука сме за пари, тука мислиш дека има пари”? Не туку мислам дека од дома земате и подигате кредити за да дадете плата, зошто мед ви искача од устата кога зборите колку вие сте за спорт, видов први сте да шетате со семејствата, БРАВО ЕЈЈЈЈЈЈ што сте постигнале БРАВООООО.
Дојдовме до шетањето и точката на загадување како воздухот каде таа тема не е интересна веќе нели, поинтересна е ковидот, и оние индиции за имиња и презимиња по елитни хотели, каде спортот нели ни е богат финансиски па има простор за вакви екскурзии, сериозно индиции има дека на прчење калабастер низ ТОКИО ДРИФТ на ОИ во екскурзија покрај старите неуништливи кои сметаат дека само они треба да се во МОК таму се види список, како ми е пратено така и го објавувам…
– Димевски Даниел
– Димитат Костадинов – Горска и неговиот син
– Сашо Поповски
– Владимир Богоевски спортски пензионер и неговиот син
– Шабан Сејдиу
– Тинекс, Веро
-Наумче Мојсоски со сопругата
-Сергеј Самсоненко со сопругата
-Васко Ковачевски
-На местото што го откажа премиерот отидени се тројца од Кабинет во ВИП Хотел кој го плаќа МОК
– Пет луѓе од кабинет на претседателот на државата во истиот ВИП хотел што го плаќа МОК!!!

Не е проблем што отишле проблем е што се дрзнале на спортски државни пари да шеткаат, зошто сите овие имиња се за жалење и се буткаат по управни одбори и ако добро се сеќавам Димевски Даниел многу умешно ги издрибла сите делегати кои го гласаа, мада втората опција беше очај, тука низ Токио се сите, Зекири, пошто имаат право дека се во управен одбор, горска, ќерка му на горска каде сега свадба се спрема со малиот на дајнерс за да врват работите низ спортот и така, жените обавезно, АМС секако советниците како и советникот за спорт на премиерот како и НАУМЧЕ И НЕГОВАТА ПОУБАВА ПОЛОВИНА.
Летаат ваучери и спојување на кеш некаде околу 9. 000.000 во некоја валута да се скурцат 6, да се поделат 3, и после во емисија или пред да се уклучат камери или после тоа пак да чујам мислиш дека има пари, дека јас сум тука за пари, сите мислат така ама не е така, не бе другари БАШ Е ТАКА, ајде гагајте се и не заборавајте дека го
,,средивте спортот на најјако,,
Покрај овој список колега,има уште еден “интерен” на кој се пишани и веќе заминати во Токио,сместени во ВИП Хотел на трошок на МОК и буџетски средства од Агенција за Млади и Спорт отприлика 12 луѓе кои НЕМААТ никаква допирна точка со Олимписки Врвен Спорт.
П.С. Освен институција Премиер и Претседател кои добиваат службена покана за присуство од организатор,никој друг Нема никаква покана ни работна должност за време на ОИ.
ЗА ОВА ЛИ СЕ РАБОТИ ДА СЕ ПРОШЕТАТЕ,
ИЗБОРИ ИДАТ, ЌЕ ИМ КАЖЕТЕ КАКО ПРОШЕТАВТЕ ДО ТОКИО ЛИ… ВАКА ЛИ СПОРТОТ ЌЕ ГО ОПРАВАТЕ, ЗА ОВА ЛИ ГИ УФРЛИВТЕ СИТЕ ПО УО, ВИ КАЖАВ ДЕКА СЕ БУТААТ СО ЦЕЛ ДА СЕ ШТИТАТ И ДА ВРВАТ БИЗНИС ИНТЕРЕСИТЕ, ТЕК СЕГА ДОБИВА НА ТЕЖИНА ОНОЈ ЛАЈВ ПОСЛЕ СРАМНИОТ ИЗБОР ПРИ МОК ДЕКА СПОРТОТ ГО ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗУЛТАТ, ОВА Е ПРОИЗВОД НА ТОА…
Претседателе Пендаровски и вие сте на удар индиции дека од кај вас, или место вас два пара заминале натака на пикник, со која цел, не ли е малку срамота да имаме повеќе туристи од спортисти на едни олимписки игри…
ПАК ДА ГЛАСАТЕ
ПАК ДА ГИ ГЛАСАТЕ
ПАК ДА ВЕРУВАТЕ СЕГА ЌЕ БИДЕ
За крај на сите вие кои се надевате на правда во спортот и ФФМ, ФФМ одамна има упис во ЦРМ, добро е што сега имаме битка на титаните ФФМ против МОК во филмот брзи и бесни кој поголема глупост и штета ќе направи во име на спортот.
Со вашето присуство им правите голема нервоза на спортистите кои како така се избориле да не претставуваат, веќе проверен факт, вашиот пикник за некого штета носи ама добро вие се знаете за спортот.
Пари фрлени за шетање наместо во доброто на спортот.
БРАВООО АЛАЛ НЕКА ВО Е…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.