Богатите и дијаспората ни го донесоа вирусот, смета Александар Ружин, надворешен соработник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Ружин на Заев му даваше совети за: „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција, и секој месец земаше 50,000 денари. Тој е член на Либералдемократската партија (ЛДП), исто како и неговиот татко Нано Ружин кој порано ја вршеше функцијата амбасадор во НАТО. Роден е во Париз во 1983 година. Во тоа време неговиот татко студира во француската метропола. Поседува приватна фирма за продажба на автомобилски гуми и бандажи – „Бенелукс Тунинг“ .

Богатите и дијаспората ни го донесоа вирусот, а сеуште не приметив нивните компании и семејства да донираат средства за справување со истиот! Напротив, сите се лекуваат на товар на здравствениот систем на РСМ, пишува на социјалната мрежа на Фејабук Александар Ружин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.