Првата сомнителна трансакција поврзана со рекетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на криминал. Трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума – 750 илјади евра. Дополнително сомнеж предизвикале учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунаордниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13.

Кога парите легнале на сметката, банката согласно законските обврски за спречување перење на пари ги алармирала надлежните финансиски истражни органи. Тие отвориле постапка. Бабата на чија сметка стигнале парите, пак, заминала во една експозитура откако во централата на банката најавила подигање на целата сума. Пред да ги подигне парите, платила данок од 10 проценти – со што алармот стигнал и до УЈП. Кога жената отишла да го подигне кешот, носела торба, а вработените првин мислеле дека таа е дојдена да си ја подигне пензијата, но потоа сфатиле дека станува збор за огромна сума која веќе им била доставена. Веднаш по излегувањето бабата со торба пари се качила во автомобил и заминала.

Истражните финансиски органи отвориле постапка и на распит ги викнале и бабата примател на парите и претставникот на фирмата која ги уплатила 750-те илјади евра. И двајцата имале иста приказна за причините за големата трансакција. И бизнисменот и скопјанката од Меѓунаордниот сојуз кажале дека парите се дадени поради идејата за изградба на социјални станови, која ја промовирала жената на Ден на идеи во Владата предводена од експремиерот Никола Груевски.


Целиот текст прочитајте го на Телма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.