Битолчани се разочарани од градоначалничката Наташа Петровска, покажува последната анкета на ТВ 24 вести од Широк Сокак. Тие велат дека градоначалничката во предизборието им ветувала многу решени проблеми за Битолчани, а сега им останале само нејзините неисполнети ветувања.

Дури и граѓаните од редовите на СДСМ се против Наташа Петровска. Имено, во видеото се појавува и таткото на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тој вели дека Петрова треба да си даде оставка.

„Да си даде оставка. Нема ништо направено во градов“, вели таткото на претседателот на СДСМ во Битола.

Битола за време на владеењето на СДСМ и градоначалничката Петровска е еден од градовите со најниска комунална хигиена, несреден Клинички Центар и недоправени улици. Граѓаните се жалат на сиромаштија и на невработеност. Тие велат дека Битола е уништена: „Беспарица и уништена Битола, веќе ништо немаме во Битола“, вели една госпоѓа од испитаниците.

 

*Ние битолчани многу си ја сакаме градоначалничката Љубовта е најголема кај тие што гласале за неаТаа на сите им возврати со блага насмевка (оти ми рекоа дека само јас сум брчел против неа)

Gepostet von Владимир Котевски am Mittwoch, 6. Februar 2019



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.