Битолчанецот Александар Јонациќ, којшто живее во Нов Зеланд апелира за помош до надлежните институции во Македонија да ја продолжат важноста на неговиот пасош за да може да ја продолжи визата за престој таму каде што сега живее.

Александар вели дека во ваква непријатна ситуација се нашол поради пандемијата на Ковид-19, која го спречила во мај да дојде во Македонија и да си го продолжи пасошот во регуларна процедура.

Како што вели, во слична ситуација како неговата има и голем број други македонски државјани на разни места низ светот.

Имам основа за продолжување на визата во Нов Зеланд, имам и аплицирано и од нивното имиграционо имам одобрување за такво нешто, но тие немаат начин како да го изведат тоа доколку важноста на мојот пасош е истечена – вели Александар.

Веќе еднаш се напрај истата работа зошто да не уште еднаш. #министерствозанадворешниработи Bujar Osmani @Ministry of foreign affairs of North Macedonia

Gepostet von Jonachikj Aleksandar Acko am Donnerstag, 24. September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.