Утрово Битола пожолте. Жолти балони со написот „Ова не е паркинг“ беа закачени на стотина автомобили кои непрописно беа паркирани.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност поради паркирањето на јавните површини и тротоари. За неспособната локална самоуправа ова е само уште еден од проблемите за кои нема, не знае или не сака да ги реши.

Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола. Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола, МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите, велат организаторите на оваа герила акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.