Се надеваме дека во Битола ќе имаме повторно победа и дека ќе имаме голем успех, се надеваме дека Битола ќе препознае дека Гордана нуди концепт за правда на Македонија коj и е насушно потребен и внатрешно и надворешно на земјава. Ова вчера од Битола го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во Битола има разочараност кај луѓето поради неспособноста на градоначалничката тука, луѓето велат дека нема никакви проекти и дека Битола не се развива. Би можел да кажам дека тоа е нешто што се гледа и на ниво на држава. Скоро и да немаме посериозен капитален проект во изминативе три години колку што е на власт владата на Заев, освен една гола критика и напад на опозицијата немаме никакви реализирани проекти што одразува една неспособност, додава Николоски.

Тој потенцираше дека оваа неспособност која ја гледа во Битола ја има низ целата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.