Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, на партиската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола ја коментираше најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат план за постигнување 750 евра плата и најави дека и власта ќе псотигнела такво нешто уште за три месеци.

Рекоа дека ќе ја направат просечната плата 750 евра, но не кажаа дали тоа е бруто или нето. Ние за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме. Буквално на 1200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата – изјави Битиќи.

Тој посочи дека со зголемувањето на минималната плата не крахирала економијата.

Битиќи направи споредба меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во однос на креирањето на нови работни места, велејќи дека власта на СДСМ поттикнува нови работни места, но притоа бара платите да бидат минимум 50% над минималната плата.

Сега се сменија условите, а ние бараме да биде минималната плата повеќе од
22.500 денари. Можеби не е доволно, но секако е повеќе – изјави Битиќи.

Според него, новите инвестиции, до крајот на годината, ќе отворат нови 1.600 работни места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.