Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи на новинарско прашање во врска со платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, рече имаат веројатно разединување во ставовите што е високо, а што е ниско.

Пазарот го одредува тоа и тоа е одлука лично на премиерот, а мое коментирање во таа насока не е соодветно. Во моментов ангажманот на советниците е нужен и дека тоа трошење пари е соодветно, односно не е непродуктивно, рече Битиќи.

Тој додаде дека советниците и нивните плати се нужен трошок за функционирање на канцеларијата на премиерот и канцелариите на министрите, па и на неговиот кабинет.

Трошењата треба да се гледаат од аспект дали се рационални или нерационални трошоци. Во овој случај станува збор за рационални трошоци. Сите до еден кои извршуваат фунцкиии покажавме дека грижата за граѓаните ни е на прво место. Ние веќе рационализираме на други места каде утврдивме декаима непродуктивни трошоци, но ова се секојдневни обврски, рече Битиќи.

На забелешката дека со овие пари можеби ќе можеа да се купат компјутери за учениците кои немаат за да следат онлајн настава Битиќи рече дека Владата не добила такво барање, затоа и не расправала и не одговорила на тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.