Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, го објасни доделувањето на бесплатни ПЦР-тестови за странци кои ќе дојдат како туристички посетители на Македонија како економска мерка, додека тоа што домашните граѓани по своја иницијатива мора да ги платат е дел од здравствената криза со пандемијата.

Кога носите економска мерка вие треба да станете конкурентен во целиот Западен Балкан, но и на светско ниво. Размислуваме на воведување на меѓународно признатиот safety travel, што ќе значи дека кај нас е безбедно да се патува, дека има протоколи. Тоа го правиме со стопанските комори. ПЦР-тестовите за странците нема да се прават во приватните лаборатории, туку во оние во јавното здравство, што значи дека јас нема да дозволам на некому да креирам пазар со пари од граѓаните – рече Битиќи.

Владата на последната седница одлучи државата да им ги подмири трошоците за ПЦР-тестови на странските туристи, кои до крајот на годинава ќе одлучат да ја посетат земјата и со тоа да се поттикне туризмот во претстојната летна сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.