Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања и инвестиции ќе се всели во владиниот кабинет на Артан Груби, кој има нова канцеларија во новата зграда која ја пушти свечено минатата недела, објави 24 Инфо повикувајќи се на извори од Влада.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, од минатата недела функционира во нов објект, дел од проектот „Скопје 2014“. Објектот е во вредност од 14 милиони евра.

Груби објави и фотографии од просториите и мебелот во новиот објект кој ќе го користи.

Груби на самиот старт од новата Влада се вселил во кабинетот на генералниот секретар, Драги Рашковски.

Овие простории, кои се наоѓаат во шестата кула во зградата на Владата, се најблизу до кабинетот на премиерот, кој се наоѓа во третата кула.

-Откако Груби си го зема кабинетот на Рашковски, а тоа беше веднаш откако беше назначен на функцијата прв вицепремиер, Генералниот секретар на Владата беше практично приморан да се исели и да оди во четвртата кула. Таму тој сега практично е во кабинетот на досегашниот министер без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, функција која е веќе укината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.