Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес се сретна со заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на Република Македонија, а беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Вицепремиерот Битиќи и заменикот помошник државен секретар Ескобар, разговараа за економската соработка помеѓу Македонија и САД, пришто се реафирмираа одличните политичко-економски односи помеѓу двете земји и се заклучи дека САД останува еден од најцврстите стратешки партнери на нашата земја и силен поддржувач на евро-атлантските интеграции.

Битиќи нагласи дека членството во НАТО, донесе стабилност и сигурност на земјата, а со тоа зголемени можности за нови инвестиции и поголема конкуреност на меѓународно ниво, а посочи дека Владата е посветена на реализација на сите потребни реформи и надминување на отворени прашања, во насока на целосна интеграција во Европската Унија.

Ескобар и Битиќи разговараа и за унапредување на бизнис климата, подобрување на инфраструктурната поврзаност во земјата и со соседите, како и реализација на проекти за заштита на животната средина и за одржлив економски развој, пришто државниот секретар Ескобар ја потенцираше поддршката на САД за сите регионални економски соработки кои носат конкурентна предност за земјите од Западен Балкан.

На средбата, вицепремиерот Битиќи ја потврди нашата посветеност за Македонија да стане енергетски хаб на Балканот, преку диверзификација на изворите за енергија и поврзувајќи се со земјите од регионот, што секако е долгорочна стратегија која ќе обезбеди стабилност, одржливост и предвидливост при снабдувањето.

Вицепремиерот Битиќи и заменикот помошник државен секретар Ескобар, на состанокот ги потврдија своите ставови дека местото на Република Македонија е во ЕУ и дека со поддршка на САД ќе се реализираат потребните реформи, кои се во согласност со западните-демократски принципи на управување и ќе овозможат сигурен развој на државата и подобар живот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.