Актуелниот вицепремиер Фатмир Битиќи, кој денеска беше избран за потпретедател на СДСМ, преку Фејсбук честиташе на новите колеги за изборот и функциите во СДСМ, а вели дека тој социјалдемократските вредности ги живее секој ден.

„Социјалдемократските вредности ги живеам секој ден. Чест ми е и благодарен сум за довербата од претседателот Зоран Заев, истите, да продолжам да ги ширам и надградувам како потпретседател на најголемата и најпрогресивната партија во земјава #СДСМ“, напиша Битиќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.