Императив во кризата ни беше да ги сочуваме работните места. Успеавме да спасиме отприлика 80 илјади работни места. Имавме пад на БДП од 4,5 проценти, а ако не беа мерките, нашиот пад би бил 8,7 проценти. Мерките ги дадоа очекуваните резултати, оценува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервју за МИА.

Тој вели дека мерките биле носени на секои три месеци следејќи ги тековите во економијата. Се согласува дека некогаш тие не доаѓале навреме до граѓаните, но смета дека во време на криза најважно е да преовлада разумот кај сите политички чинители.

–   Ние сме единствена земја, не само на Балканот, туку и пошироко, во која немаше разум. Влеговме во здравствена и економска криза, а се однесувавме неразумно како да живееме во мирнодопски моменти. Во Грција на пример, опозицијата се однесуваше разумно затоа што сметаше дека животот на граѓаните е најважен и дека во пандемија не сакаш да покажеш кој е попаметен и подобар политичар и дека за политички мегдан има време. Се согласувам дека некогаш мерките не доаѓаа навремено кај нашите граѓани, но сигурно се сеќавате дека јас повикував речиси секој втор ден дека на нашите пратеници кои се изгласани од граѓаните им се потребни само пет секунди да го кренат зеленото картонче и да ги изгласаат мерките. Замислете, пет секунди да се поважни од еден човечки живот. Јас тоа не можам да го разберам и никогаш нема да го разберам – истакнува Битиќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.