Новинарот и поранешен пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека Зоран Милевски кој денес доби 3 години затвор се сретнал повеќе пати со премиерот во заминување, а тоа и самиот премиер во заминување го призна. Говорејќи за случајот „Рекет“, Бишевац изрази сомнеж дека Заев го пријавил рекетот бидејќи ако тоа се случило ќе имало белешка која што Заев досега повеќе пати јавно би ја покажал за да си го обели образот.

Бил овој што денеска доби 3 години неколку пати бил и разговарал во кабинетот на премиерот како застапник на странски фирми. Ама тоа е изговорот. Еве и премиерот го пријавил рекетот, ама нема никаде белешка, има „белешки“ ама кога ќе кажам јас дека има белешки. Валјда мора да има белешка кај Русковска, ама нема. Не ја покажува никој. Инаку до сега 6 пати ќе ја покажеше Зоран Заев. Ако сте поднеле вие добивате белешка. Се знае тоа како се пријавува, не е тоа по телефон Русковска да ти пријавам, вели Бишевац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.