Претседателот на Владата Зоран Заев се сретна со новата федерална канцеларка на Австрија Бригите Бирлајн. На средбата канцеларката Бирлајн искажала очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Македонија како членка на Европската унија.

Бирлајн го поздравила последниот позитивен извештај на Европската комисија и повторила дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на нашава земја.

Бирлајн му честитала на Заев за сите досегашни политички чекори, кои придонеле да нема никакви пречки за започнување на преговорите со Унијата.

Првата средба со новата Федерална Канцеларка на Република Австрија, Премиерот Заев ја искористи да ја покани Бирлејн да ја посети Северна Македонија, информира прес-службата на Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.