Директорката на Агенцијата за вработување на Македонија Билјана Јовановска си заминува од директорската функција.

Отсега таа ќе раководи со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

На нејзино место доаѓа портпаролот на движењето Беса, Авдуш Демири.

Јовановска за директорка на АВРМ беше назначена во 2007 година, а функцијата ја извршуваше до 2010, гога беше заменета од Влатко Поповски. Потоа во 2017 година повторно беше назначена за директорка на Агенцијата за вработување на Македонија.

Јовановска била член на ВМРО ДПМНЕ уште од студентските денови, а обавувала и повеќе високи партиски функции.Јовановска подоцна премина во партијата Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, и беше носител на пратеничката листа на ОМ на парламентарните избори во 2011 година во ИЕ1.

Набрзо по изборите, Јовановска премина во ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, но и од оваа партија  подоцна замина и ја формираше ПЕП 21. Нејзината партија во текот на политичката криза даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.