Британската амбасада Скопје беше домаќин на прославата која се одржа во градината на Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на која се одбележуваше Платиниумскиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

Кралицата Елизабета владее подолго од кој било друг монарх во британската историја и е најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстува старите односи и гради нови врски.

Оваа година се одбележуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во својот говор ги поздрави претседателот, премиерот и заменик-претседателот на Собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Македонија.

Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ.

Посведочив и на зајакнувањето на нашите трговски односи со новиот Договор за партнерство за трговија и соработка. Обединетото Кралство останува еден од главните странски директни инвеститори во земјата благодарение на инвестициите на британските компании како Џонсон Мети. Македонија во моментов е домаќин на најголемата фабрика на Џонсон Мети во Европа, најуспешната директна странска инвестиција во земјата, кажа амбасадорката Галовеј која за еден месец ќе ја напушти земјава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.