22-годишна бремена скопјанка без претходни коморбидитети е најмладата жртва на коронавирусот во земјава од почетокот на пандемијата.

Според неофицијални информации, пациентката на 26 ноември од ГАК била префрлена во Градската општа болница „8 Септември“ во многу тешка состојба. На ГАК била три дена поради комплицирана бременост. Здравствената состојба ѝ била многу лоша, па пациентката цело време била на респиратор. Третманот на респиратор продолжил и во ГОБ „8 Септември“ каде била донесена во критична состојба.

Здравствените власти уверуваат дека биле преземени сите мерки на интензивното лекување, но пациентката сепак починала вчера.

Во вчерашната статитика влезе уште еден млад пациент. 28-годишен скопјанец ја загубил битката со коронавирусот. Државниот здравствен инспекторат најави дека од утре ќе се спроведува вонреден инспекциски надзор кој треба да утврди дали имало грешки во лекувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.