Откако премиерот Зоран Заев денеска ја обвини Бугарија за кршење на Членот 2 од
Договорот за пријателство и добрососедство, што двете страни го потпишаа на 1 август 2017 година, експресно реагираше бугарската агенција БГНЕС според која Заев
некоректно го цитира Членот 2.

Според толкувањето на македонскиот премиер, во членот 2 се вели дека Бугарија мора да ја поддржи интеграцијата на Македонија. Но, во членот се вели дека Софија ќе го сподели своето искуство со цел Македонија да ги исполни потребните критериуми – пишува БГНЕС.

Членот 2 од Договорот гласи:

Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република
Македонија да ги исполни потребните критериуми за членство во Европската унија и ќе ја поддржи Република Македонија да добие покана за влез во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.