Безуспешно заврши и денешниот обид на работните групи од власта и од опозицијата да ги приближат ставовите околу Законот за јавно обвинителство, пренесува „360 степени“.
Министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски доцна попладнево се сретнаа со преставниците на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиновски и Тимчо Муцунски во зградата на Собранието.
По тричасовниот состанок, остануваат разликите околу мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство и продолжување на предметите на СЈО.
Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, сепак, средбата ја оценува како конструктивна.
„Средбата беше конструктивна и ќе продолжи деновиве. Толку можам да кажам во овој момент“, кажа Ристовски за „360 степени“.
Ако до 15 септември нема политички договор за предлог-законот за јавно обвинителство и за тоа што ќе се случува со СЈО и со неговите предмети, клучен ќе биде ставот на Советот на јавни обвинители, кој ќе треба да реши дали ќе именува в.д. шеф на СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.