СДСМ е очајна па удира по младите, денеска власта на Заев без никакво образложение ги држеше во полициска станица повеќе членови на Унијата на млади сили во Пробиштип. Причината за нивното приведување е искажување на политичка мисла против локалната власт во Пробиштип и нивната неспособност. СДСМ ја нема поддршката на граѓаните, а особено од младите и затоа удира по младите.

Ова на денешната прес-конференција го изјави Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ константно спроведува политички прогон врз сите неистомисленици. Но и покрај тоа бидете сигурни дека не можете да ги покриете вашите лоши политики со спроведување на терор и сеење на страв. Младите нема да ги исплашите! Младите се носители на промените. Почитувани господа од власта ние младите ви порачуваме дека за целото незаконие, лажни ветувања како на локално така и на централно ниво ќе одговарате и тоа за многу брзо. Нема да не уплашите и нема да не сопрете! Ќе бидете победени! Македонската пролет доаѓа!, рече Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.