Пред еден час, грчките погранични службеници повторно го затворија копнениот премин „Евзони“.

Од граничниот премин „Богородица“ за МИА ја потврдија одлуката на нивните колеги од спротивната страна и само кажаа дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.

Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.

За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.