Во писмото што шефот на холандската дипломатија Стеф Блок го прати до пратениците во холандскиот парламент се вели дека владата во Хаг „ја дели оценката на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година“, објави „360 Степени“.

Дебатата вечерва во Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент се смета за решавачка за насоката во која ќе тргнат финалните преговори меѓу земјите-членки на ЕУ за заклучокот што би го донеле на 15 октомври.

Ова е писмото од шефот на холандската дипломатија Стеф Блок, кое ќе биде основа за утрешната расправа во парламентот во Хаг. Во клучниот параграф за земјава се наведува:

Холандската влада ја дели оценката на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година. Договорот од Преспа е пример за регионот и преземени се видливи чекори во реформската агенда. Продолжувањето на случаите на СЈО е обезбедено со нивниот трансфер во Јавното обвинителство. Значаен чекор што треба да се преземе е усвојување на закон што ќе гарантира независно гонење на можна идна корупција на највисоко ниво. За ова прашање има постојана интензивна консултација меѓу опозицијата и Владата. Ова засега не донесе конкретен епилог, пишува во писмото од министерот Блок до холандскиот парламент.

Повеќе на линкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.