Идејата никогаш не беше дека нашата „проактивна” зелена дипломатија и дефетистичка отвореност за решение со Бугарија ќе произведе неверојатни резултати.
Целта беше да се оддржи некакво минимално ниво на морална исправност, национална стаменост и убеденост во сопствените позиции, еден вид на резилиентност пред антиевропските, ревизионистички и империјалистички позиции на Софија – коментира аналитичарот Ивор Мицкоски.

Тој во својот статус на соијалните мрежи посочува дека нашата власр се откажа од националното и идентитетско достоинство.

Неуспехот лежи во тоа што излегуваме од процесов со скршени коски, понижени и без капитулација, оштетени и во нерешението, лишени од каква било национална гордост или барем базично чувство дека сме на вистинската страна на историјата, макар и вакви безначајни какви што сме. Не се откажа нашата власт од решение, се откажа од националното и идентитетско достоинство во потрагата по решение. Бевме објективно послаби во овој спор, сега сме и субјективно утепани – коментира аналитичарот Ивор Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.