Образованието е еден од нашите приоритети кој е значаен не само за поединецот, туку и за унапредување на целото општество,а  грижата за сите чинители во овој процес е наша обврска, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека за жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на ковид-19.

Се почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Covid-19.
Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата.
Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.