По сторијата на 24 за малиот Милош, кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција на срцето реагира министерот Венко Филиче.

Филипче најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи, со оглед дека деветгодишното дете е родено со срцева маана, a било опериранo во Бугарија. Оттогаш, односно девет години, не направилo никаков преглед, бидејќи родителите немаат пари. Малиот Милош секој ден на училиште пешачи и по три часа или оди со магаре, бидејќи семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.