Во пресрет на отпочнување на кампањата за Локалните избори 2021, Народниот правобранител ги потсетува граѓаните дека во неговата канцеларија функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2021 (17 и 31 октомври 2021).

По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени, се посочува во соопштението од Народниот правобранител.

Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното права на граѓаните. Исто така, за пријавување на повреди граѓаните можат да се обратат и во шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот на телефонските броеви:

– Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996

-Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586

-Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082,

-Подрачна канцеларија Битола 047 242-310,

-Подрачна канцеларија Штип 032 389-701

-Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.