Судењата за ТНТ се ставени на експресна лента. Судијата во процесот Огнен Ставрев во овој месец закажа дури десет рочишта за ТНТ и едно за Монструм и тоа со траење од само два часа. Дали можеби причина за ваквото брзање е е намерата на Ставрев да биде избран за судија во Апелација.

Седницата на која треба да се одлучува за судија во Апелација ќе се одржи на 27 јануари. Меѓу судската фела се коментира дека планот е пресуда за ТНТ да има до 27 јануари а истиот ден Ставрев да биде избран во Апелација.

Дали тоа ќе се случи тешко е да се предвиди ако се знае дека на утрешното рочиште ќе треба да се одлучи во кој правец ќе почне процесот од почеток.

Адвокати на обвинитите за „Република“ коментираат на бројни пропусти во досегашното водење на рочиштата. Како пример го наведуваат тоа што на голем дел од доказите на судењата биле читани само насловите што за нив е неприфатливо.

Затоа утре, доколку има рочиште, заедно  одбраната и обвинетите ќе одлучат за барањето на судијата процесот да се врати на повторно судење, но без повторно изведување на доказите туку само нивно читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.