По објавениот прислушуван разговор каде се слуша гласот на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска која во 2013 година за време на локалните избори бара од вицепремиерот, Фатмир Бесими, членот на ДИК од ДУИ да гласа принципиелно, Бесими за ТВ 24 тврди дека не станувало збор за влијание и дека тој работата си ја вршел согласно законите.

Не станува збор за влијание, туку за ова како што ви кажувам… Значи јас како вицепрермиер сум се залагал за процесите да одат согласно законите и така сум постапил. Не сум имал јас никакво директно влијание врз институциите, туку како вицепремиер сум имал задолжение во институциите да следам реформи. Тоа е… Повеќе од тоа не можам да ви кажам – вели во телефонски разговор за ТВ 24, Фатмир Бесими.

Поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, чие име се споменува во разговорот, вели дека не ја чул објавената аудиоснимка, а во телефонски разговор за ТВ24 тврди дека никогаш никој не влијаел врз него како да гласа како член на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.