Генералниот Секретар на Движењето БЕСА, Арианит Хоџа на денешната прес конференција изјави дека уште на 8 јануари нивната партија донела одлука дека тие се за трипартитна коалиција.

– До ден денеска немаме одговор зошто не се случи средба помеѓу трите партии за да ги дефинираме сите детали околу можноста за коалиционирање како што беше претставена понудата од страна на Алијанцсата за Албаците- изјави Хоџа.

Тој додаде дека иако Алијансата за Албанците имале можност за директна комуникација со нив, вчера тие испратиле јавна понуда во форма на ултиматум што според нив е неразбирлив.

-Ние и денеска како и пред еден месец јавно кажуваме: Да, сме за една таква соработка и сме спремни да седнеме и да се договориме трите партии, вклучувајќи и поделбата на позициите во кандидатските листи за пратеници-рече Хоџа.

Според него имајќи предвид дека усолгласување на програма и политичка понуда треба да биде во координација со сите вклучени партии во една можна коалиција, потребно е седнување на трите партии на заедничка маса.

-И денеска јавно искажуваме дека поделбата на листите за нас е најмал проблем. Затоа и денеска јавно нудиме и две опции. Поделба на позициите на пратеничките листи врз целосно партнерство меѓу трите политичкии партии. Второ, поделба на позициите во пратеничките листи врз основа на истражување на јавното мислење пореку анкети од агенции за кои ќе се договориме трите партии заедно- додаде Хоџа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.