Генералниот секретар на движењето Беса, Арјанит Хоџа прогласи победа на Биљал Касами за градоначалник на Тетово.

Тој ги повика граѓаните на прослава на главниот плоштад во градот.

Претходно, на прес-конференција, Движењето Беса соопшти дека имаат сигурна предност во повеќе општини. Според партиските информации, БЕСА победува во Бродец, Порој, Лисец, Безовце и Џепчиште.

Хоџа најави дека кандидатот на БЕСА ќе се бори за победа во вториот круг во Теарце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.