Собранието веќе требаше да ја почне седницата за законот за ЈО свикна за во 15 часот денеска, но таа се уште се одлага. Прочина за тоа била долгата средба на Заев со Билал Касами, претседателот на БЕСА, кои веќе се договориле законот за Јавно обвинителство да биде поддржан од пратениците на БЕСА. Но поставен е и услов Заев и пратениците на СДСМ, претходно да го изгласаат предлогот законот на БЕСА за лични документи со кој ќе се овозможи вметнување етничка пропадност Албанец во личните карти. Според извори блиски до собранието, Заев се согласил по итна постапка во текот на утрешниот ден, прво да се изгласа нов закон за лични документи, а потоа на гласање да се стави законот за обвинителство за кој ќе гласаат двајцата пратеници од БЕСА Тетуа Биљаљи, и Фадил Зендели, со што Зоран Заев заедно со независната пратеничка група ќе стигнат до 80 пратеници. Извори блиски до БЕСА говорат дека договорот меѓу Заев и Касами би постигнат на денот кога Парламентот ги усвои уставните измени во согласност со Преспанскиот договор и кога пратениците на БЕСА, гласаа за смената на уставното име. Но и дека досега во БЕСА владеело незадоволство што поранешниот премиер по уставните измени, заборавил на своите ветување и го одлоговлекувал предлог законот за лични карти. Графата според предлогот на БЕСА во личните карти ќе пишува:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.