Движењето Беса на својата фејсбук страница информираше дека вечерва ги определиле кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на состанок на Централното собрание во Тетово.

Се разговараше за политичката состојба и кандидатите за пратеници. На оваа средба беше изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици, информира Беса преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5. Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица: Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.