Ова е нефункционална држава. Македонија има голем проблем со капацитетот на човечки ресурси. Особено во централните министерства и локалните управи, изјави за емисијата 99 минути на ТВ Клан Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Ние, донаторите може да сметаме само на неколку лица во секоја институција, кои се способни, искусни, кои се многу добри. Но тие не можат да апсорбираат многу пари затоа што само 10-20% од луѓето во министерствата се во состојба да работат со нас. Не заради нивната неспособност, туку затоа што не им се дадени овластувања да работат, да постигнат резултат. Во голема мерка недостасува делегирање на власта. Министерот не делегира овластувања надолу… Во земјава доминира ставот „ако шефот не ми рече јас не можам ништо, да не згрешам, најдобро да стојам на страна“. Овој проблем е прилично раширен во јавниот сектор. Јас би рекол дека за жал Охридскиот рамковен договор не помогна, изјави Бертолини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.