Општина Берово денеска е општината со најмногу новозаболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Вкупно тројца граѓани покажаа позитивни резултати кои според надлежните од беровскиот здравствен дом се асимптоматски случаи.

Бројката не е загрижувачка но покажува дека сега поради контактите на новозаболените ќе има нови тестирања кои се надеваме ќе бидат негативни. Денеска, освен тројцата новозаболени имаме и еден оздравен пациент. Вкупно во нашата општина имаме 22 активни случаи на коронавирус, информираат од Здравствениот дом Берово.

Од околните општини денеска на листата со новозаразени од Ковид-19 се најде и Делчево каде има двајца новозаболени. Во Делчево има 73 активни случаи на коронавирус од кои има и граѓани кои територијално потпаѓаат под М.Каменица. Вкупниот број на активни случаи во целиот Пијанечки-малешевски регион до денеска изнесува 113 случаи од кои 18 се од Пехчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.