Министерот за економија, Крешик Бектеши гостуваше во „10 минути“ на „ТВ21“ при што зборуваше за различни теми.

Бектеши воедно вечерва му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека за него е чест што е министер на Република Cеверна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.

Што се однесува до мојата изјава јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Македонија. Колку што Cеверна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните – изјави Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.